НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО СВЕТОТ НУДАТ БОЖИЌНИ ПАКЕТИ ПО ЦЕНА ОД 4.500 ДОЛАРИ ЗА ТРИ НОЌИ ПО ЛИЦЕ

САД, (Си-Ен-Ен)

Луксузните хотели нудат гламурозен начин за разубавување на божиќната и новогодишната сезона, без разлика дали е за ноќевање или за елегантен попладневен чај. Си-Ен-Ен направи избор од најинтересните и најскапи новогодишни хотели во светот.

Еден од нов е „Фајр армс“ во Браемар, Шкотска. Риболовот и пешачењето се популарни активности во ова одморалиште од 19 век полно со антиквитети. На Бадник, ирвасите парадираат низ селото додека во хотелот се служи попладневен чај. Цените за пакетот за три ноќи започнуваат од околу 4.455 долари по лице.

Хотелот „Фајр армс“ во Браемар, Шкотска (Фото: Си-Ен-Ен)

Во хотелот „Плаза“ во Њујорк три празнични менија за чај ќе бидат достапни до 12 јануари. Првиот, со цена од 155 долари по лице содржи солени и слатки грицки, вклучувајќи паштета и пита со зачини од тиква. Елоиз, познатата измислена жителка на хотелот, го позајмува своето име на детски чај пакет кој чини 110 долари по дете.

Се нудат и разни други празнични оброци и празнични програми. Почетната цена за Божиќната недела е 2.395 долари за ноќ по соба.

Хотелот „Плаза “ во Њујорк (Фото: Си-Ен-Ен)

Дрвени куќи и вили се сместени меѓу планини и бујно зеленило во „Нјунгве Хаус“ во дивината на Руанда, каде што гледањето птици и патувањата со шимпанзата се туристичка атракција. Гостите се поканети на традиционални настани, вклучувајќи ткаење кошници, работилници за сликање и танц. Хотелот е исто така е домаќин на источноафрикански празнични вечери. Цените во шпицот на сезоната започнуваат од 3.250 долари за ноќ по соба.

Во хотелот „Крилон“ во Париз од 5 декември до 1 јануари, има празнична попладневна услуга за чај со колачи и канапе за околу 93 долари по лице. Менито за Божиќ со седум јадења започнува од околу 630 долари.

Хотелот „Крилон“ во Париз (Фото: Хотел „Крилон“)

Имотот со пет ѕвезди, првично изграден во 1758 година под раководство на кралот Луј XV, има поглед на парискиот Плас де ла Конкорд. Почетната цена на собата за време на божиќната сезона е околу 2.645 долари за премиум соба.

Во Вашингтон, хотелот „Вилијард Интер Континентал“ (фото) ќе биде домаќин на бесплатни ноќни концерти на локални хорски и вокални ансамбли во фоајето до 23 декември. Празничен попладневен чај со солени и слатки задоволства се служи секој четврток, петок, сабота и недела од 29 ноември до 29 декември и чини 90 долари по возрасен или 105 долари со чаша шампањ, а 65 долари по дете. Цените по лице од вечер за Божиќната недела започнуваат од 399 долари.