Поп-пејачката Ивона Јо сними спот за баладата „Себично“, една од најслушаните песни од овогодинешниот Макфест.
Видеоспотот е во продукција на „2бy4“ и во режија на Ени Вучидолова.
„Оваа песна е за едно време кога ‘себично’ ја чував болката во себе и за себе. За едно време кое зеде сѐ од мене, за да се пронајдам себеси. Оваа песна ми ја исцели душата, вадејќи ја секоја негативна емоција од мене. Сакам да допрам до слушателите и публиката. Толку многу сме навикнати да ја чуваме болката во себе и никако да излеземе од кругот на самодеструктивноста. На светот му се потребни нашите емпатија, милост и добрина. Со оваа песна за некој поубав свет“, вели Ивона Јо.
Музиката ја напиша Илија Ќосевски, а текстот е на Весна Малинова. На Макфест, Ивона Јо беше една од пејачките која доби најголем аплауз од публиката.