Жени кои го победиле ракот беа модели на модната ревија која сношти (22 декември) се одржа во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Дамите носеа модели на модната куќа „Елена Лука“, која ја организираше ревијата заедно со здружението „ХЕМА-ОНКО“, со поддршка од Словачката амбасада во Скопје.
„Ова е ваша вечер. Кога ќе ги извадите сликите од вашиот албум, ќе знаете дека сте биле доминантни, дека сте ја раскажале сопствената приказна и дека сте покажале дека невидливиот борец канцерот може да биде завршена приказна со голем дух и со силна верба во животот“, рече водителката на настанот Ели Танаскоска на крајот од ревијата.
„Овој настан е искренo признание за храброста и истрајноста на овие неверојатни жени. Го направивме да ги покажеме нашите љубов и поддршка и да ја прославиме нивната победа“, рекоа организаторите.