Златните глобуси се почеток на сезоната на филмските награди во светот. Церемонијата е место на моменти кои ја одредуваат кариерата за некои од најголемите холивудски ѕвезди од нејзината инаугуративна година во 1944 година.
Годинава, на доделувањето на наградите кои се одржуваат по 82. пат нема да биде поинаку.
Домаќинка на цермонијата ќе биде комичарката Ники Глејзер, а најголемите холивудски имиња ќе прослават успеси во хотелот „Беверли Хилтон“ на 5 јануари.
Ендрју Гарфилд, Кетрин О’Хара, Деми Мур, Мајкл Китон и Николас Кејџ се меѓу ѕвездите што ќе се појават на шоуто.
„Емилија Перез“, музичкиот филм на Нетфликс со Карла Софија Гаскон, Селена Гомез и Зои Салдања во главните улоги, доминира во овогодинешните филмски категории со 10 номинации, што го прави најноминираниот филм во категориите мјузикл или комедија во историјата на Златните глобуси.
Гаскон, првпат номинирана за Златен глобус, е и првата трансродова жена номинирана за најдобра актерка во мјузикл или комедија.
Златните глобуси ќе се емитуваат во живо од Беверли Хилтон во Лос Анџелес на 5 јануари на Си-Би-Ес.