ВИОЛИНА НА СТРАДИВАРИ ЌЕ СЕ ПРОДАВА НА АУКЦИЈА ВО ЊУЈОРК, СЕ ОЧЕКУВА ЦЕНА ОД 18 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

САД, (Телеграф)

Виолина изработена од Антонио Страдивари ќе се најде на аукција следниот месец, каде што се очекува да достигне цена од рекордни 18 милиони долари.

Виолината ја продава конзерваториумот Њу Ингланд во Бостон, а приходот ќе биде наменет за студентски стипендии како исполнување на желбите на музичарот Си-Хон Ма, кој го донираше инструментот.

Виолините на Страдивари, кои се продаваат за милиони долари, се познати по нивната извонредна изработка, а најбарани се оние од неговиот златен период од 1700 до 1720 година.

Моделот „леди блант страдивариус“ од 1721 беше продаден за рекордни 15,9 милиони долари во 2011.

Пред Си-Хон Ма, виолината „јоаким-ма“ била во сопственост на Јозеф Јоаким, унгарски виолинист од 19. век и близок соработник на композиторот Јоханес Брамс.