Комичарите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски со стендапот „(Нат)просечен Македонец“ тргнуваат на турнеја низ Македонија во февруари и во март.
Турнејата почнува на 9 февруари во Радовиш во ресторанот „Грин“, продолжува на 14 февруари во Битола во Центарот за култура, на 15 во Струмица во Центарот за култура, на 21 во Гевгелија во клубот „Де факто“, 22 во Велешкиот театар, на 28 во Куманово во „Куманово спа“. Турнејата продолжува на 1 март во Кочани во Домот на култура, 2 март во Тетово во домот на култура, 7 март во Штип во клубот „Клиник“, а завршува на 8 март во Охрид во хотелот „Инекс Олгица“.
„Во секој град ќе има специјален гостин, кој дополнително ќе ја збогати атмосферата. Оваа турнеја е вистинска можност за публиката од целата земја да ужива во незаборавна вечер исполнета со смеа, емоции и препознатливи моменти од „(Нат)просечен Македонец“, велат актерите. Билетите се во продажба онлајн преку ticketx.mk или во нивната продажна мрежа низ Македонија.
Во ноември лани, Тино и Атанас одржаа три стендап шоуа во Скопје со Стефан Николовски како гостин, во салата „Јане Сандански“, а потоа уште еден во декември. Лани тие беа и на турнеја низ Германија, а најавуваат и европска турнеја за напролет.
Фото: С.Рахјл