Актерката Камерон Дијаз вели дека нејзиното паузирање од актерството биле „најдобрите 10 години во нејзиниот живот“.
Дијаз (52) глуми со Џејми Фокс во филмот на „Нетфликс“, „Назад во акција“ (Back In Action), што е прва нејзина улога по римејкот на „Ени“ во 2014.
Говорејќи за нејзиното привремено пензионирање во емисијата на Греам Нортон на Би-Би-Си заедно со Фокс, таа рече:
„Уживав. Тоа беа најдобрите 10 години во мојот живот. Уживав што ја имав слободата да бидам само мајка и сопруга и да водам приватен живот. Беше толку убаво“.
Додаде дека 10 години ги одбивала сите улоги, но не сакала да ја одбие соработката со Фокс.
„Си реков ако веќе морам да го напуштам семејството на 10 часа на ден, тогаш ќе го направам тоа за најзабавниот човек во шоу-бизнисот“, рече таа за Фокс, со кого глумеше и во „Ени“.
Актерката и гитаристот на рок групата „Гуд Шарлот“ Бенџи Маден се венчаа во 2015 и имаат две деца.
(Фото: АП)