Кејт Мос е најубава од моделите, според истражување кое го направи британскиот пластичен хирург Џулијан де Силва, кој го предводи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија во Лондон. Методот се заснова на „златниот сооднос“, познат и како „божествена пропорција“.
Тој тврди дека колку е поблизок односот на клучните компоненти, како формата на лицето и вилицата, до бројот 1.618 толку се поубави жените.
Британскиот супермодел Кејт Мос, која се прослави во 1990-тите, е на врвот на неговата пресметка со 94,14 проценти. Де Силва тврди дека Мос е најблиску до идејата на античките Грци за совршеност според положбата на очите, обликот на лицето и носот, ширината на усните и линијата на вилицата. Две карактеристики се издвојуваат кај неа: совршено обликувана вилица (со резултат од 96,5 проценти) и брада (95,6 проценти).
Синди Крафорд, која доминираше на насловните страници и модните писти во 1980-тите и 1990-тите, е веднаш зад Мос со резултат од 93,86 проценти.
„Таа би ја надминала Мос доколку не добиеше полоша оценка за усните“, рече Де Силва.
Таа се истакна во три категории: брада (99,9 проценти), положба на очите (99,4 проценти) и чело (98,6 проценти).
На третото место се најде Жизел Бундхен со резултат од 93,11 отсто. Де Силва рече дека Бундхен има најдобар простор меѓу усните и носот во споредба со другите модели на оваа листа.
На четвртото место е Џордан Дан со 91,39%, па следуваат Вини Харлоу со 91,03%, Кендал Џенер со 91%, Лиу Вен со 90,98%, Кара Делевињ со 89,90%, Емили Ратајковски со 89,37% и Наоми Кембел со 89,26%.
(Фото: АП)