На 30 и 31 јануари од 12 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе одржи два концерта за деца со наслов „Имате ли ритам?“. Диригент е маестро Виктор Митревски, а аниматор, како и на претходните концерти, ќе биде актерот Мартин Јорданоски (фото).
Децата ќе слушаат композиции од класичната и од модерната музика, дела од Смокварски, Калифе, Андерсон, Бернштајн, Штраус, Де Фаља.
„Овојпат посебно ќе се истакнат перкусионистите од оркестарот, кои ќе приредат и едно изненадување, а на сцената ќе настапат и неколкумина талентирани деца“, велат од Филхармонијата.