Пејачката и актерка Селена Гомез изгубила над 800.000 следбеници на Инстаграм откако објави видео во кое низ солзи го критикува американскиот претседател Доналд Трамп за депортирањето мигранти.
Гомез, која е една од ѕвездите со најмногу следбеници на социјалните мрежи, на 27 јануари објави видео во кое се осврна на мигрантската политика на Трамп.
„Засегнати се моите луѓе, деца. Не разбирам. Многу ми е жал, посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе пробам сè, ветувам“, рече Гомез, која има мексиканско потекло
Набргу по споделувањето на видеото, Гомез доби жестоки критики и го избриша.
Таа собра 422 милиони следбеници на Инстаграм откако ја симна Кајли Џенер од тронот во март 2023 и стана жена со најмногу следачи на платформата.
(Фото: Гети)