ЕЛЕНА РИСТЕСКА ЌЕ НАСТАПИ СО ГУДАЧКИ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА САЕМОТ ЗА ВЕНЧАВКИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Елена Ристеска ќе има мал концерт на затворањето на Саемот за венчавки во Скопје, што ќе трае од 21 до 23 февруари во скопскиот хотел „Александар палас“. Поп-пејачката ќе настапи со гудачкиот камерен оркестар на Пламенка Трајковска, објави организаторот „Во бело“.

Ова ќе биде 13. издание на саемот. Традиционално ќе се одржи модна ревија со познати личности кои ќе носат венчаници на домашни дизајнери. Над 1.000 нови модели на венчаници и костуми ќе можат да се пробаат на саемот.

„На настанот ќе земат учество голем број изложувачи од сите сфери на свадбената индустрија“, велат организаторите.