13. ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЗЕМЈОТРЕС“ ПОСВЕТЕНО НА МИРКО ПОПОВ, ЕДЕН ОД НЕГОВИТЕ ОРГАНИЗАТОРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот на свежа независна домашна музика „Земјотрес“ ќе се одржи по 13. пат на 1 март во Младински културен центар во Скопје. Ова ќе биде прво издание на фестивалот по смртта на Мирко Попов, кој беше еден од неговите организатори, па е најавено дека ќе му биде посветено на него.

Оваа година во програмата се 20 бендови и соло изведувачи од разни музички жанрови, меѓу кои се „Д.Н.О.“, Мартина Пенева, „Ју“, „Светлост“, „Нема лабаво“, Виктор Апо, Елена Васова, „Поетроника“, „Растстеинд“…

Фестивалот ќе трае од 19 до четири часот, а билетите во претпродажба чинат 500 денари.

(Фото: Фејсбук)