ПОРТУГАЛСКАТА ФАДО ПЕЈАЧКА МАРИЗА СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Португалската пејачка на фадо музика Мариза на 5 април ќе одржи концерт во Филхармонијата.

Мариза (51) ја започнала кариерата во Лисабон, a интернационален успех постигна со албумот „Fado em Mim“ од 2002. Оттогаш има настапувано во најпрестижните сали во светот. Досега има снимено осум студиски албуми и еден концертен.

Организатор на концертот е „Старс енд мор“, а билетите се продаваат во мрежата на Мк тикетс.