Дина Јашари со своето трио ќе тргне на регионална турнеја. Младата пејачка на 25 февруари ќе одржи концерт во Ниш, два дена подоцна во Загреб, а на 28 февруари во Нови Сад.
Гитара во триото свири Лука Тошев, а Драган Теодосиев е на тапани.
„Дина во изминатите неколку години ја плени публиката ширум Балканот со нејзините магични песни кои комбинираат елементи на поп и нео-соул, што најлесно се опишува како дрим поп. Досега има издадено едно ЕП и шест синглови, а во 2022 ја доби наградата ‘Милан Младеновиќ‘“, напиша хрватскиот портал „Журнал“ за Јашари.
„Во еден период мојот живот целосно се вртеше околу музиката, што доведе до исцрпеност. Морав да одам на принуден одмор. Не настапував, не правев музика, па дури и не слушав музика некое време. За среќа, тој одмор не траеше долго. Само колку да ми ја врати желбата за компонирање и пеење“, изјави Јашари за истиот медиум.