ЖАЛАМ ШТО ПРИФАТИВ ДА ИГРАМ ВО ФИЛМ КОЈ ЗАРАБОТИ „САМО“ 33 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, ВЕЛИ ЏУЛИЈА РОБЕРТС

САД, (Ентертејнмент викли)

Џулија Робертс доби Оскар за „Ерин Брокович“, глумеше и во хитови и во бројни романтични комедии. Нејзиниот богат актерски опус опфаќа различни жанрови, но призна дека жали што прифатила улога во еден филм, „Умирајќи млад“ (Dying Young) од 1991.

Иако внимателно ги избирала улогите, Робертс го смета овој филм за грешка. Во тоа време ја сметале за сигурен рецепт за филмски хит, но оваа романтична драма не ги исполни големите очекувања.

„Фасцинантно е како луѓето зборуваат за овој филм како промашување. Само затоа што не заработи 100 милиони долари, го прогласија за неуспешен“, кажа Робертс.
На прашањето дали била задоволна од финалниот производ, таа рече:

„Имаше многу снимки кои не влегоа во филмот. Иако не бев задоволна, филмот сепак заработи 33 милиони долари, што е значаен износ“.