НИНА БАДРИЌ СО НОВ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 27 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ ќе одржи концерт во Скопје на 27 април во Филхармонијата, објави „Евентум“. Таа последен пат настапи во Скопје на 27 октомври лани.

На регионалната сцена Бадриќ е активна од 1996 и има издадено десет студиски албуми. Лани во Скопје ја испеа нејзината верзија на македонската народна песна „Не кажувај либе добра ноќ“, што ја сними за албумот на браќата Тавитјан, „Македонското срце чука во 7/8“ од 2012. Народната песна тогаш ја остави за бис, па се расплака додека фановите ја пееја заедно со неа.

Билетите се продаваат онлајн на yournextevent.info.