ЏИН ХЕКМАН ЕДНАКВО БРИЛИРАШЕ КАКО ПОЗИТИВЕЦ И НЕГАТИВЕЦ ВО 43 ГОДИНИ КАРИЕРА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Џин Хекман ја почнал својата актерска кариера кога веќе бил 30-годишник, но потоа стана една од најголемите и најпрофитабилни ѕвезди во Холивуд. Хекман (95) и неговата сопруга Бетси Аракава (64) беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе во засега неразјаснети околности, но полицијата кажа дека не се сомнева во кривично дело.

Хекман како Лекс Лутор во „Супермен 2“

Хекман одигра повеќе од 100 филмски улоги од 1961 до 2004 и двапати беше награден со Оскар, покрај уште три номинации. За него своевремено кажаа дека повеќе личи на камионџија отколку на филмска ѕвезда, но Хекман еднакво блескаше и како негативец и како позитивец, и во драми и во комедии.

Првиот Оскар го доби за „Француската врска“ во 1972

Од глумата се повлече во 2004 на совет од неговиот кардиолог и потоа ретко се појавуваше во јавност, избирајќи мирен живот со втората сопруга Бетси во Ново Мексико. Нова страст пронајде во пишувањето и објави шест книги.

Со Ворен Бити во „Бони и Клајд“
„Ројал Таненбаумови“
„Разговорот“
„Непростено“ на Клинт Иствуд му го донесе вториот Оскар во 1993
„Мисисипи во пламен“
„Посејдоновата авантура“
Последната улога ја оствари во комедијата „Добредојдовте во Музпорт“ од 2004