КРИСТАЛИ И САТЕН ДОМИНИРАА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ НА ОСКАРИТЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лос Анџелес, (Разни извори)

Модата е речиси исто толку важна на Оскарите како и филмовите, а холивудските ѕвезди ноќеска се прошетаа на црвениот килим во Лос Анџелес во разни впечатливи комбинации, од елегантна до драматична мода.

Деми Мур

Оваа сезона на награди беше во знакот на воздржан стил и темен монохроматски изглед, но А-листата на Холивуд сношти се појави во сјајни фустани, со светки или во металик боја во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Мајки Медисон доби Оскар за најдобра женска улога

Во текстовите за овогодинешните Оскари се појавуваат и многу бројки. Така фустанот од „Ралф Лорен“ на Селена Гомез е инспириран од Софија Лорен и имаше над 16.000 стакленца во форма на капки. Фустанот „Шанел“ на Лупита Нјонго со боја на слонова коска содржеше преку 22.000 елементи од вез, вклучително и прерамки направени од низи од бисери.

Ел Фанинг

Фустанот на Аријана Гранде, дело на „Скјапарели“, имаше преку 190.000 кристални светки и исечени мониста, давајќи му блескав сјај на здолништето од тил.

Хали Бери

Но, сатенот беше материјалот што го избраа многу од најдобро облечените на црвениот тепих, вклучително и ѕвездата на „Анора“ Мајки Медисон и Рафи Кесиди, кои носеа елегантни комбинации од „Луј Витон“ и „Лоу“.

Лупита Нјонго
Гал Гадот

 

Ема Стоун

Фото: Селена Гомез, Синтија Ериво и Аријана Гранде (Гети)