Денеска (7 март) од 10 часот во Детскиот културен центар „Карпош“ во Скопје ќе биде отворена изложба на цртежи и честитки изработени од децата од предучилишните установи од Скопје. Годинава творбите се под мото „Љубов и насмевка за сите жени“.
Изложбата се одржува во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“.
За време на изложбата, гостинка во Културниот центар ќе биде Ива Матиќ, единствената жена – пилот на воен авион, а сега пилот на авион од комерцијален тип. Таа работи во компанијата „Визер“ и ќе им раскаже на децата како се управува со авион и дека секоја жена може да биде успешна во било која професија за која ќе се определи.
(Фото: Од минатогодошните изложби за 8 Март во ДКЦ)