БРИТАНСКАТА ДРАМА „АДОЛЕСЦЕНЦИЈА“ Е НАЈГЛЕДАНА НА „НЕТФЛИКС“, КРИТИЧАРИТЕ ЈА НАРЕКОА СОВРШЕНА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Гледачите и критичарите се со пофалби за новата драма на Нетфликс „Адолесценција“, која многумина ја нарекоа значајна ТВ-серија. Британската серија од четири епизоди беше објавена минатата недела и беше најгледана на платформата ширум светот изминатиов викенд.

Том Пек од „Тајмс“ ја опиша серијата како „целосно совршенство“, ставот што го повтори и Луси Манган од „Гардијан“, која рече дека „тоа е најблиску до ТВ-совршенството во последните децении“.

Серијата ги прикажува последиците од убиството на тинејџерка со нож, за што е уапсено 13-годишно момче од нејзиното училиште. Младиот осомничен Џејми го игра дебитантот Овен Купер, а Стивен Греам е неговиот татко.

Греам, кој е еден од сценаристите, рече дека бил инспириран да ја направи серијата откако видел два одделни извештаи за момчиња кои со нож изболе девојчиња до смрт.

„Само си помислив, што се случува во општеството каде што вакво нешто станува редовна појава?“, кажа актерот и режисер.