ДА СЕ ПРЕСТАНЕ СО ТВ-ПРЕНОСИ ОД ХОЛИВУДСКИТЕ СВЕЧЕНОСТИ, САКАМЕ ПРИВАТНОСТ И ЗАБАВА, ВЕЛИ ОСКАРОВКАТА КЕЈТ БЛАНШЕТ

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Оскаровката Кејт Бланшет вели дека веќе не треба да има телевизиски преноси од доделувањата на награди во Холивуд. Во подкастот „Лас Културистас“ австралиската актерка разговараше за напливот од вести на социјалните мрежи и видеа снимани со мобилните телефони.

„Денес има толку малку места каде можеш да имаш приватност. Затоа ги обожавав 1980-тите. Луѓето беа заедно, уживаа, се забавуваа. Никој никого не снимаше, ниту се снимаше настанот. Не се грижеа што прави другиот, си поминува убаво“, рече таа.

Новинарите од подкастот искоментираа дека сега им сѐ повеќе текстови од т. н. читачи од усни, кои ги анализираат разговорите помеѓу ѕвездите.

„Навистина? И тоа постои? Аман луѓе, занимавајте се со нешто друго, научете некоја убава вештина, на пример, како да направите икебана. Треба да се вратиме во времето кога тие свечености не се емитуваа на телевизија. Вратете го тоа и само направете одлична забава. Да, модата е одлична, го разбирам тоа. Ќе дознаеме на крајот кој победил. Но, би било многу убаво тоа да се случува зад затворени врати. Апсолутно ќе биде многу поинаква вечер“, рече двојната оскаровка.

Во едно неодамнешно интервју со Дру Баримор, 55-годишната актерка кажа дека од својата свабда со Ендрју Аптон пред 27 години има само една фотографија бидејќи сите се забавувале и никој не се трудел да слика.

(Фото: Гети)