НА 60 ГОДИНИ СЕ ЧУВСТВУВАМ НАЈДОБРО ДОСЕГА, КАЖА САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР

САД, (Пипл)

Сара Џесика Паркер, најпозната по улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, на 25 март наполни 60 години. Но, за разлика од нејзиниот лик во серијата кој беше во потрага по вистинската љубов, Паркер е во љубовна врска повеќе од 30 години со колегата Метју Бродерик.

„На 60 години се чувствувам најдобро досега и среќна сум“, рече актерката.

Паркер и Бродерик се запознале во 1991 преку нејзините браќа Пипин и Тоби Паркер. Бродерик режирал претстава чии сценаристи биле тие. Набргу по средбата, Бродерик преку говорна пошта ја поканил да излезе со него.

Тие се забавувале шест години пред да се венчаат на 19 мај 1997. Интимната церемонија се одржа во синагога во Њујорк, а таа носеше црн фустан наместо традиционалниот бел.

Првото дете, синот Џејмс Вилк, им се роди на 28 октомври 2002, а во 2009 ги добија близначките Марион Елвел и Табита Хоџ преку сурогат мајка.

(Фото: Гети)