УЛИЧЕН УМЕТНИК ШИРИ ЉУБОВ СО УНИКАТНИ ПОРАКИ НА УЛИЦИТЕ ВО ИТАЛИЈА

Италија, (повеќе извори)

Уличниот уметник Грег Гоја од Италија шири љубов, надеж и добрина низ улиците со својата интерактивна уметност која ги истакнува најдлабоките емоции на луѓето.

Гоја e уличен уметник со потекло од Торино, Италија, и се прослави со својата улична уметност, која ја објавува на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

Тој првично цртал на патики пред да премине во улична уметност. Едно од неговите познати дела „Место за бакнеж“, (Kiss Stop), прикажуваше срце на нацртано на улица со порака „бакнете се овде“ и привлече значително внимание на ТикТок. На сообраќајниот знак „Стоп“, тој допиша порака, „Никогаш нема да престанам да те сакам“ (I’ll Never Stop Loving You). На една од улиците, Гоја постави црвена кутија со букет цвеќе внатре и на неа напиша: „Во случај на љубов на прв поглед, скршето го стаклото“.

Фото: Инстаграм

Делата на Гоја ја нагласуваат љубовта и човечката поврзаност. Неговите инсталации се дизајнирани да стимулираат интеракција меѓу луѓето.

Користејќи боја што може да се мие, Гоја гарантира дека неговите бои се еколошки. И покрај тоа што се соочува со некои критики, неговата популарност расте, и имаше изложба во Музејот на улична уметност во Нарни, Италија.