„Лукасфилм“ потврди дека Рајан Гослинг ќе биде ѕвездата на новиот филм „Војна на ѕвездите“ насловен „Starfighter“, што ќе го режира Шон Ливај. Продукцијата треба да почне наесен, а премиерата е закажана за 28 мај 2027.
Најавен како посебна приказна, „Starfighter“ ќе се фокусира на нови ликови од универзумот на „Војна на ѕвездите“, а ќе се случува пет години по настаните во „Подемот на Скајвокер“ од 2019, со кој беше заокружена сагата за Скајвокер. Други детали за кастингот засега не се објавени.
Последниот филм што го режираше Ливај беше „Дедпул и Вулверин“, кој заработи 1,3 милијарди долари на светско ниво.
Претходно, на 22 мај 2026 ќе излезе „The Mandalorian&Grogu”, филмско проширување на хит-серијата „The Mandalorian“.
(Фото: АП)