„ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ФАКУЛТЕТИ ВО СВЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДНО АРБИТРАЖНО ПРАВО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје стигна до финалната рунда од 64 најдобри на најголемиот светски натпревар од областа на меѓународното арбитражно право Willlem C. Vis International Commercial Arbitration Moot, во конкуренција на 357 тимови.

Натпреварот веќе 25 години се одржува во Виена и Би-Би-Си го нарекува најголема арбитражна олимпијада.

Тимот, под менторство на проф. д-р Тони Дескоски, го сочинуваа студентите Ениса Рами, Влатко Токарев, Петар Митрески, Ана Миовска, Кристијан Милошевиќ, како и Ивана Ужевска, која учествуваше во составувањето на писмените поднесоци.

Студентите ги подготвуваа и доц. д-р Вангел Доковски, д-р Ана Пепељугоска и асс. м-р Љубен Коцев.

Факултетот „Јустинијан Први“ првпат учестуваше на натпреварот во 2009 година и досега четири пати успеваше да се вброи високо меѓу најдобрите факултети на светот.