ЌЕ СЕ СНИМА НОВА ФИЛМСКА ВЕРЗИЈА НА „ЧОВЕКОТ СЛОН“, СО АДАМ ПИРСОН ВО ГЛАВНАТА УЛОГА

Лос Анџелес, (Вараети)

Адам Пирсон, британскиот актер и активист кој се појави во филмот „Другиот човек“, ќе ја игра главната улога во новата филмска адаптација на „Човекот слон“ (The Elephant Man).

Според „Вараети“, Пирсон ќе го глуми Џозеф Мерик, кој поради своето физичко изобличување станал позната личност во Лондон кон крајот на 19. век. Филмот ќе биде заснован врз истоимената хит-претстава која имаше премиера во 1977, а на пошироката јавност оваа приказна ѝ е позната преку филмот „Човекот слон“ на Дејвид Линч од 1980.

Џозеф Мерик е човек со кој имам долга и сложена врска. Од користењето на неговото име како термин за потсмев до учењето за него во документарните филмови што ги презентирав, тоа беше катарзично патување до љубов и почитување кон човек за кого како дете избегнував и да размислувам. Сега како активист за попречености и актер, мислам дека нема поголеми чест и одговорност од тоа да ја раскажам вистинската приказна за Џозеф Мерик“, кажа Пирсон, кој има неврофиброматоза.

Се очекува филмот да има премиера следната пролет.