КАРОЛИНА ЌЕ ПЕЕ НА ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО ГЕРМАНИЈА ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 8 јуни, Каролина Гочева ќе настапи на хуманитарен концерт во Мајнц, Германија, а парите од продадените билети ќе се донираат за настрадните во пожарот во дискотекат „Пулс“ во Кочани на 16 март, со 62 жртви и 200 повредени.

Концертот почнува од 16 часот и е во организација од Црковната општина „Св. Никола“ во Мајнц. Средставата ќе бидат донирани преку организацијата „Супорт Кочани“. 
Каролина како најголема ѕвезда ќе го затвори концертот, а ќе настапат и КУД „Шара“, од Тетово, КУД „Св.Никола“  од Мајнц, групата „Милениум“, Василија Петрова и Сања Здјелар и децата од фестивалот „Поточиња“.