На 23 мај со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини во рамките на 53. издание на фестивалот Мајски оперски вечери.
Диригент е Марко Боеми од Италија, а режијата на Александар Текелиев од Бугарија. Сценограф е Живојин Трајановиќ, костимограф Лира Грабул, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.
Во насловната улога на Чо Чо Сан – Мадам Батерфлај ќе настапи гостинката од Србија, Mарија Јелиќ, во улогата на Пинкертон е Ѓорѓи Цуцковски, Шарплес е Луис Кансино од Шпанија, а во останатите улоги се Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Јане Дунимаглоски, Соња Пендовска-Мадевска, Валентина Димитриевска, Олег Цуцковски, Никола Стојчески, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамдан и Марко Димовски, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.