Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска „Ладо“ денеска (3 јуни) ќе одржи концерт во Националната опера и балет. Гостин е македонскиот ансамбл „Танец“
„Во 2025, Хрватска го одбележува илјада и стогодишниот јубилеј од основањето на Хрватското Кралство. Овој јубилеј е поврзан со крунисувањето на првиот хрватски крал Томислав во 925 година. По тој повод, националниот фолклорен ансамбл ‘Ладо’ организира меѓународна турнеја на концертни настапи кои ги истакнуваат богатите културни традиции на Хрватска. Еден од врвните настани на таа турнеја е концертот во Скопје на 3 јуни“, велат од ансамблот.
Репертоарот на „Ладо“ опфаќа над 100 танцови кореографии и вокално-инструментални композиции, претставувајќи разновидни стилови.