ЛОЗИНКИТЕ СТАНУВААТ МИНАТО, ДОАЃА НОВ НАЧИН НА ЛОГИРАЊЕ

Њујорк, (Гардијан)

Нов интернет стандард се очекува да ги замени лозинките во иднина, што значи дека корисниците веќе нема да мора да паметат тешки логини за влегување во страници и сервиси што редовно ги користат.

Стандардот наречен WebAuthn е дизајниран да ги замени лозинките со биометрија или со уреди што корисниците веќе ги поседуваат, како сигурносен клуч, смартфон, скенер на отисок на прст или веб-камера.

Место да треба да паметат најчесто долга и сложена низа карактери, корисниците ќе можат да се логираат со нивното тело или со нешто што го поседуваат, поврзувајќи се со интернет-страници директно преку Блутут, УСБ или НФЦ.

„WebAuthn ќе го промени начинот на којшто луѓето ќе пристапуваат на Интернет“, смета Џеф Џафи, извршниот шеф на конзорциумот „Ворлд вајб веб“, телото што ги контролира интернет-стандардите.

Според еден пример, место да внесува лозинка, корисник ќе го напише корисничкото име и потоа ќе добие известување на неговиот смартфон. Со кликање на известувањето, ќе се прави логирањето на сајтот.

WebAuthn е кулминација на долгогодишна работа, но промената нема да се случи преку ноќ. Сепак, ова се смета за важен чекор кон поголема заштита на корисниците од хакирање и крадење податоци.