ОЛИМПИСКОТО ЗЛАТО ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ВО 2028 МИ Е ГЛАВНАТА МОТИВАЦИЈА СЕГА, ВЕЛИ ЃОКОВИЌ

Белград, (Ројтерс)

Новак Ѓоковиќ вели дека одбраната на олимписката титула во Лос Анџелес во 2028, кога би имал 41 година, станала негова главна мотивација да продолжи да се натпреварува.

„Единственото нешто што во овој момент, професионално гледано, го имам во мојата визија се Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес. Дури и гренд слем турнирите веќе не ми се толкав приоритет, не колку Олимпијадата“, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер ја комплетираше својата колекција трофеи кога го победи Карлос Алкарас во финалето на тенискиот олимписки турнир во Париз минатата година. Покрај тоа, има освоено 24 гренд слем титули на сите четири турнири, Дејвис куп и сите турнири од Мастерс серијата. Неодамна го освои 100. турнир во кариерата, што претходно им успеа само на Роже Федерер и Џими Конорс.

Ако слави во Лос Анџелес, Ѓоковиќ ќе го повтори подвигот на Енди Мареј од олимпијадите во 2012 и 2016.

(Фото: АП)