Момчило Бајагиќ-Бајага ќе одржи концерт на Ракометното игралиште во Битола на 27 јули од 21 часот, објави „Авалон“. Оттаму додаваат дека тоа ќе биде неговиот единствен настап во Македонија оваа година.
Во декември 2023, српскиот кантавтор одржа концерт во Скопје со кој прослави 40 години кариера, а во март 2024 имаше концерт со кој одбележа 40 години од излегувањето на неговиот
Музичката кариера Бајага (65) ја започнал на 14 години во групата „ТНТ“. По три години ѝ се приклучил на „Рибља чорба“, каде што станал главен композитор заедно со Бора Ѓорѓевиќ. Во 1984 заминал од „Рибља чорба“ и потоа ја основал својата група. Бајага му беше гостин на Влатко Стефановски на двата концерта во јуни во Филхармонијата.
Влезниците за концертот во Битола се во продажба онлајн на avalonbooking.mk по цена од 900 денари.