Вечерва од 21 часот во Галичник, во амфитеатарот на чешма „Упија“ ќе се одржи премира на монодрамата насловена „Ја, Ѓорѓуја Пулески- роден су од камен“, во чест на јубилејот, 150 години од објавувањето на „Речник на три јазика“ на писателот и историчар Ѓорѓија Пулески.
Во монодрамата, која е инспирирана од животот на Пулески игра актерот Рубенс Муратовски. Режисер е Бојан Трифуновски. Текстот го напиша Миле Бошњаковски на еден од автентични говори на Пилески, мијачкиот. Музичката подлога е инспирирана од традиционална композиција „Ветер да подујне“, ја подготви музичарот Нико Ѓоргиевски, а ќе ја изведе фолклорниот музички состав „Мајовци“.
Влезот на настанот е слободен.