АНДРЕЈ ЃУРЧИНОВСКИ ОСВОИ БРОНЗА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БИЛЈАРД ЗА ИГРАЧИ ДО 17 ГОДИНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Петнаесетгодишниот Андреј Ѓурчиновски освои бронзен медал во категоријата десетка на Европското првенство во билјард за играчи до 17 години, кое се одржува во Подчетртек, Словенија.

Ова е негов четврти настап на големите европски натпреварувања, а најдобриот пласман досега му беше петтото место. Младинците играат во четири дисциплини, а некои земји се натпреваруваат и во екипна конкуренција.

До својот прв медал, Ѓурчиновски стигна со пет победи во низа меѓу 77 пријавени играчи од 32 европски земји.

Денот беше навистина долг, имав пет дуели и во нив успеав да остварам победи, па во полуфиналето почувствував замор. На патот до финалето бев сопрен од актуелниот првак Макс Бенко од Словенија. Среќен сум што ја оправдав довербата и што успеав да стигнам до медал“, кажа 15-годишниот Ѓурчиновски.

Натпреварите на Европското првенство траат до 22 јули, кога се игра последната дисциплина, популарно наречена деветка.