Музичка еуфорија приреди кралот на електронската и транс музика Армин ван Бурен на синоќешниот настап на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

По неговите минатонеделни гостувања на Ибица, тој допатува во Битола, каде што успеа да собере над 10.000 публика од Македонија и поширокиот регион. Тие имаа несекојдневна можност околу два часа да уживаат во неговите споеви на најпопуларните транс траки, а настанот со други гости траеше и подолго. Покрај музичкото уживање, тоа беше и визуелен спектакл со незаборавна атмосфера.

Армин ван Бурен е холандски диџеј и продуцент со светска слава, а Битола за првпат во својата историја доби настан со музички артист и продукција од А-класа според сите светски фестивалски стандарди.
Настанот беше во организација на „Авалон“, а се реализираше со поддршка од Општина Битола во рамките на Битолскотo културно лето „Битфест“.
Ж. ЗДРАВКОВСКА