ВЛАДО ГЕОРГИЕВ СО КОНЦЕРТ ВО БИТОЛА НА 16 АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев ќе одржи концерт во Битола во Хераклеја на 16 август. Koнцертот е насловен „Господски во Хераклеја“,

„По шест години повторно ќе имам чест и задоволство да настапам на прекрасната сцена во Хераклеја, место кое зрачи со неопислива енергија и каде што секој пат се чувствувам како да сум во некое друго време. Битола, секако прекрасен град и луѓе, како и цела Македонија воопшто, секогаш го правеле секој концерт магичен, а тоа го очекувам и овојпат. Ве очекувам, драга господо“, напиша Георгиев на Инстаграм.

Владо Георгиев е пејач и автор со потекло од Херцег Нови кој живее во Белград. Има издадено три студиски албуми, а стана популарен во 2000-тите во целиот регион. Има работено и како актер, па глумеше во неколку српски серии.