Израелската пејачка Јасмин Леви ќе одржи уште еден концерт во Скопје, на 17 октомври во Филхармонијата, објави таа на својот фејсбук профил. Леви настапи во Филхармонијата на 7 април.
„Скопје, среќна сум што се враќам! Вашата љубов, вашата енергија, сѐ уште ги носам со себе. Да се сретнеме повторно на 17 октомври за уште една незаборавна вечер“, напиша пејачката.
Леви е родена и израсната на Блиски Исток. Пораснала под влијание на разни музички правци, од класичната музика до современиот џез, кои ги има и во нејзината музика. Повеќето нејзини песни се на шпански јазик, а пишува музика инспирирана од нејзините музички идоли Лучано Павароти, Едит Пјаф, Били Холидеј и фламенко пејачот Антонио Молина.