НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРААТ ОСКАРИТЕ, ВЕЛИ ДЕНЗЕЛ ВАШИНГТОН

САД, (Вараети)

Дензел Вашингтон има девет номинации за Оскар и двa освоени (за најдобра споредна улога за „Слава“ и за најдобар актер за „Ден на обука“), но тој не им придава никаква вредност на таквите награди во кариерата. Вашингтон рече дека ниедна актерска одлука што ја носи нема врска со освојувањето награди.

„Не го правам тоа за оскари. Не ме интересираат такви работи. Долго време сум во ова и имало моменти кога сум победил, а не требало да победам, а потоа не сум победил, а требало да победам“, кажа Вашингтон.

Филмските критичари пишуваа дека е грешка што Вашингтон не добил номинација за Оскар за „Гладијатор 2“.

„Среќен сум со сè што направив и задоволен сум од она што го правам. Не ми треба награда за да ми го подобри статусот“, нагласи Вашингтон.

(Фото: Гети)