Утревечер (22 август) од 20 часот во реонскиот парк во скопската населба Ѓорче Петров, со проекција на филмот „До балчак“ на Столе Попов започнува манифестацијата „Културно лето Ѓорче Петров“.
На 23 август, во реонскиот парк од 19 часот, ќе има „Баскер перформанс шоу“,а од 20 часот започнува музичкиот дел „На свирка во Ѓорче“, со рок бендот „Деј оф“.
Културното лето во Ѓорче Петров ќе трае еден месец и најавени се повеќе поп-рок и фолк концерти на домашни пејачи и групи, проекции на македонски играни и анимирани филмови, мултимедијални и интерактивни програми, базар, работилници, ликовна уметност и уметнички шоуа, настапи на фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва, фестивалски песни за деца и возрасни и фестивал на уличен театар.