„МРАК“ НА СРБИТЕ СТОЈАНОВИЌ И ВИЦАНОВИЌ ПОБЕДИ НА СТРИП САЛОНОТ ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Стрипот „Мрак“ (фото) на Марко Стојановиќ (сценарио) и Милорад Вицановиќ-Маза (цртеж), двајцата од Србија ја доби првата награда „Златен стрип“ на 22. издание на Стрип салонот во Велес.

Втората награда „Back to the past“ ја доби Никола Видачковиќ (сценарио) од Србија и Игор Јовчевски (цртеж) од Македонија. Третата награда „Залогај“ ја доби Далибор Дадо Пехар од Хрватска.

За најдобар македонски стрип е прогласен „Ехоата на Зал’ахим“ од Војдан Андонов (сценарио) и Марко Марковиќ (цртеж).

На конкурсот присигнале 400 стрипа од автори од 13 држави. Стрип салонот се одржа во Европската куќа во Велес.