МЕСЕЦ НА АНТОЛОГИСКИ ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ФИЛМОВИ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со култниот филм „Казабланка“ (фото) на режисерот Мајкл Кертиз започнува септемвриската програма во Кинотеката на Македонија. Филмот ќе игра на 1, 2 и 3 септември од 20 часот. Во главните улоги се Хемфри Богарт, Ингрид Бергман и Питер Лоре.

На 3 септември ќе се прикажат македонскиот анимиран филм „Образец Б-16“, режија и сценарио на Иван Ивановски и популарниот филм „Трето полувреме“ на Дарко Митревски. На 6 септември од 20 часот игра „Прашина“ на Милчо Манчевски, на 10 септември „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, а целосната програма е достапна на овој линк

„Овој месец е посветен на антологиските филмови од светската кинематографија, како и на значајни македонски играни и краткометражни остварувања. На репертоарот ќе се најдат ремек-дела што го обележале златното време на филмот. Посебно место во програмата ќе имаат македонските краткометражни филмови, кои на најдобар начин ги претставуваат енергијата и креативноста на неколку генерации автори“, велат од Кинотеката.