МИ СЕ ДОПАДНА „ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА“ ИАКО МНОГУМИНА СТРАВУВАА ДЕКА ЛОШО ЌЕ МЕ ПРИКАЖАТ, РЕЧЕ АНА ВИНТУР

САД, (Си-Ен-Ен)

Поранешната главна уредничка на „Вог“, Ана Винтур, рече дека филмот „Ѓаволот носи Прада“ ѝ се допаднал зашто има многу хумор. Гостувајќи во подкастот на водителот Дејвид Ремник, Винтур се пошегува дека „отишла на премиерата облечена во ‘прада* без никаква идеја за што ќе биде филмот“.

„Филмот ми се допадна многу. Беше многу смешен. Модната индустрија беше многу загрижена за мене во филмот, дека ќе ме прикажат во некакво лошо светло. На крајот имаше многу хумор, многу духовитост, ја имаше Мерил Стрип. Сите беа неверојатни“, рече Винтур.

Во 2009 Винтур му кажа на Дејвид Летерман дека филмот е фикција и дека таа не е секогаш топла и срдечна.

„Она што ми се допадна кај филмот е што ја покажа целата напорна работа што е вложена во создавањето на списанието“, рече таа за хит-филмот со Ен Хатавеј и Мерил Стрип од 2006.

Филмот е снимен по истоимениот бестселер на Лорен Вајсбергер, која работела како лична асистентка на Винтур во „Вог“. Следи амбициозна писателка (Хатавеј) која наоѓа работа во врвно модно списание под водство на строга уредничка. Мерил Стрип ја игра Миранда Пристли, за која се претпоставува дека е базирана на Винтур, па ликот стана синоним за строги шефови.

Продолжението на филмот доаѓа во кината следната година.

(Фото: Гети)