ТРЕТ АКУСТИЧЕН КОНЦЕРТ НА КАЛИОПИ ВО СКОПЈЕ НА 7 ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Калиопи ќе одржи и трет акустичен концерт во Филхармонијата на 7 декември, откако се распродадоа првите два, на 14 ноември и 6 декември, објави продукцијата „Прагма“.
Во октомври лани, Калиопи одржа концерт во полната сала „Борис Трајковски“, со која прослави 40 години на сцената и 40 години соработка со Ромео Грил, нејзиниот продуцент и поранешен сопруг. За првпат во живо во Скопје, таа ги испеа песните од нејзиниот нов албум наречен „Албум“. Ромео Грил беше дел од гостите на концертот. Тој се појави на крајот и ја придружуваше Калиопи на нивниот најголем хит, „Бато“.
„Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика“, велат од „Прагма“.
Билетите се продаваат преку продажната мрежа на Купи карта.  
(Фото: СДК.МК)