СТЕНДАП-КОМИЧАРОТ ЏИМ ЏЕФРИС НА 5 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Австралиско-американскиот стендап-комичар Џим Џефрис ќе настапи на 5 декември во Скопје.

Џефрис доаѓа брзо по премиерата на неговиот последен специјал на „Нетфликс“, а настапот ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“, каде што ќе се претстави со својот најнов материјал насловен „Son of a Carpenter“ („Син на еден столар“), како дел од неговата успешна 40-дневна европска турнеја.

Џефрис, кој има над 20-годишна кариера, често настапува низ светот, распродавајќи стадиони и сали како „Медисон сквер гарден“, „Карнеги хол“ и „02 арена“ во Лондон. На фестивалот „Just for Laughs” во Монтреал во 2019, Џефрис беше прогласен за стендап-комичар на годината. Тој е и водител, подкастер и писател, чие последно шоу „Jim JeQeries: Two Limb Policy”, кое излезе во август 2025, е дел од серијалот од шест специјални стендапи на „Нетфликс“.

Билетите се во продажба преку drugastrana.mk.