ВО СКОПЈЕ ВО 2027 ЌЕ СЕ ОДРЖИ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ХИП-ХОП СО НАД 7.000 ТАНЧАРИ ОД 40 ЗЕМЈИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопје од 4 до 14 октомври 2027 ќе биде домаќин на Светското првенство во хип-хоп и брејкинг на Меѓународната танцова организација (ИДО), на кое се очекуваат повеќе од 7.000 танчари од над 40 земји.

Организаторите велат дека изборот на Скопје за домаќин на уште едно светско првенство е резултат на искуството од организацијата на големи меѓународни танцови натпревари во изминатите години. Скопје во 2024 беше домаќин на светски хип-хоп натпревар со танчари од повеќе од 30 држави, а од 21 до 29 септември годинава се одржа Европското првенство на ИДО во балет, џез, модерен и современ танц, кое собра речиси 3.000 натпреварувачи.

Организаторите очекуваат Светското првенство во 2027 да донесе и голем број посетители во Скопје, што ќе има ефект врз хотелскиот и угостителскиот сектор, транспортот и туризмот.