СТЕНДАП ШОУТО „МОДЕРНИЗАМ И РЕНЕСАНСА“ СО БРАЌАТА СТОЈАНОСКИ НА 31 ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Стендап шоуто „Модернизам и ренесанса“ со комичарите браќата Стојаноски ќе гостува во Скопје на 31 октомври, во салата „Јане Сандански“, објави „Авалон“. Браќата Стојаноски се хит на социјалните мрежи со преработките на македонски народни песни и светски хитови со македонски фолк мотиви.

„Иако имавме неверојатно успешна летна светска сезона, нашиот најсветски проект, според квалитетот во својата индустрија, доаѓа оваа есен и доаѓа од дома. Како специјални гости ќе ги видиме Моторџијата, Кломпарот, Битолчанката, Жане“, велат од „Авалон“.

Браќата Стојаноски се познати и како Дуци и Пајо од шоуто „Фчерашни новости“.

Влезниците ќе бидат во продажба од 18 септември на avalonbooking.mk.