ТУРНЕЈА НА „ТАНЕЦ“ ВО ХРВАТСКА, СЛОВЕНИЈА, БИХ И АВСТРИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ најави турнеја низ повеќе земји, која започнува на 24 септември со настап во културниот центар „Матија Петар Катанчиќ“ во Валпово, Хрватска.

Турнејата насловена „Ритамот на душата – бојата на традицијата“ ќе опфати повеќе градови. На 26 септември продолжува во Крањ, Словенија, на 28 септември во Виена и на 30 септември во Лакташи, Босна и Херцеговина. На програмата е дел од најпознатите и најавтентични македонски народни ора и песни, како и некои од поновите кореографии. Ќе се играаат „Копачка“, „Мијачка“, „Солунка“ и други кореографии. 

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ е основан во 1949 и претставува еден од најзначајните чувари на македонското културно богатство. Во своите 76 години постоење има настапувано на најпрестижните светски сцени.