Младата македонска пејачка Елена Васова е годинашната добитничка на регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“, повторувајќи го успехот на Дина Јашари од 2022. Васова ја доби наградата за песната „Љубов“, а ѝ беше доделена во Макарска вчера (21 септември), на денот на раѓањето на легендарниот фронтмен на „Екатарина Велика“.
Наградата, што ја доделува фондацијата „Милан Младеновиќ“, се состои од плакета и 3.000 евра. Добитникот исто така има можност да настапи на неколку регионални музички фестивали, како Арсенал фест во Крагуевац.
Покрај Васова, во суперфиналето за наградата влегоа и Таад Пол, „Гризете“, „Оксајо“ и „Дигитронс“.
Автор на песната „Љубов“ е Елена Васова, а ја продуцираше заедно со Ненад Стефановски, кој ги правеше миксот и мастерингот. Гитара свири Ади Имери, клавијатури Петар Лукиќ, бас гитара Мартин Џорлев, а хармоника Милош Спасов.
Наградата „Милан Младеновиќ“ првпат беше доделена во 2019 година.
(Фото: Фејсбук)