НАСТАП НА „АМПЛИДАЈН ЕФЕКТ“ СО АМБИЕНТАЛНА МУЗИКА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (26 септември) од 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје (Салон 19:19) ќе се одржи концерт на импровизирана амбиентална музика на „Амплидајн ефект“.

„Амплидајн ефект“ е проект на продуцентот Мартин Георгиевски од Скопје, активен од 2009. Во изминатите години има издадено бројни албуми и настапувано на реномирани регионални и меѓународни фестивали.

Вечерашниот настап ќе биде соло импровизациски сет со пијано, клавијатури, гитара и лупови.

Фото: Т. Ранташа