ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ СЛАВИ 60 ГОДИНИ СО КОНЦЕРТ НА КАТЕДРАТА ЗА ПОПУЛАРНИ ЖАНРОВИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје вечерва (19 октомври) од 19:30 часот во барот „Филхармонија“ ќе одржи концерт посветен на Катедрата за популарни жанрови. Концертот е дел од серијата настани под мотото „Една сцена, шест децении музика“, со кои Факултетот одбележува 60 години.

Ќе настапат професори и поранешни и дипломирани студенти на ФМУ, кои преку заеднички настап ќе ја претстават разновидноста на популарните музички жанрови.